Сега на Русите им падна борбен авион - модерниот Су-34 заврши во нива

Несреќата се случила околу 10 часот утринава кога ловецот изведувал планиран тренажен лет без муниција.

Откако САД бараше помош од јавноста за да го пронајде урнатиот F-35 авион, сега и Русија загуби борбен авион, но без маки за да го најде. Нивниот Су-34 се урна среде нива.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека борбениот авион Су-34 се урнал за време на летот над регионот Воронеж.

„Екипажот на авионот, кој се состои од две лица, се катапултира и е евакуиран на матичниот аеродром. Нема опасност по нивното здравје“, соопшти Министерството.

Несреќата се случила околу 10:00 часот, а ловецот извршувал планиран тренажен лет без муниција. Авионот паднал далеку од населени места и не предизвикал оштетувања на земјата.

Според прелиминарната верзија, причина за несреќата е технички дефект. Борбениот бомбардер Су-34 беше во развој од средината на 80-тите, а стапи во употреба во 2014 година. Направени се 155 примероци од овој авион, а проценетата цена е околу 36 милиони долари по примерок.

URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе