Секс на првиот состанок: Да или не?

Иако сме 2022 година, жените уште се соочуваат со стегите на некои застарени општествени норми кога станува збор за врските и сексот.

Една од нив е „правилото“ дека треба да се чека најмалку три состаноци пред да имате секс со потенцијалниот партнер.

Стигмата околу сексот на првиот состанок оди до таму што уште има мислења дека ако жената го направи тоа, мажот „нема да ја сфати сериозно“, „ќе смета дека е лесна“ и „нема да ја има предвид за партнерка долгорочно“. Друго „античко правило“ е дека жената треба да почека и да го остави мажот „да се помачи“ додека ја добие „наградата“.

Овој лажен пуританизам освен што е мизогин во својата основа, претставува потиснување на женската сексуалност и слобода на изразување.

За жал, жените денес уште се „покажани со прст“, а мажите се пофалени како „освојувачи“.

Психолозите велат дека повеќето луѓе не би имале секс на првиот состанок не бидејќи не сакаат, туку поради стравот од општествената стигма за тоа што е „прифатливо“.

Ако размислувате дали да имате секс со некого на првиот состанок, единственото нешто за кое треба да се прашувате е дали сакате. Нема „точен“ одговор.

Секс терапевтите ја прошируваат темата понатаму.

Ако чувствувате хемија и двајцата се согласни да имате секс, баталете што мислат сите други. Ако со време истражите дали сте сексуално компатибилни тоа може да ви помогне да одлучите дали да инвестирате време и енергија во оваа личност.

Нема јасно дефинирани правила – сѐ се сведува на тоа кое е вашето ниво на удобност и што барате во моментот. Секако, искрената комуникација од првиот ден ќе ве однесе далеку ако оваа личност се покаже дека е „вистинската“.

 Од женски аспект, ако имате секс на првиот состанок, тоа не ве прави помалку „квалификувана“ за сериозна девојка. Искрениот разговор ќе ви покаже уште пред да го направите тоа дали сте со маж кој би помислил дека „вредите помалку“ бидејќи сте спиеле со него веднаш.

Многу е важно да го разграничите „сексот за една вечер“ и „сексот на прв состанок“. Овде станува збор за вашата страна од равенката, односно, што барате и што нудите во оваа конкретна ситуација.

За крај, внимавајте да не си направите саботажа на врската, опседнувајќи се со помислата дека сте имале секс на првиот состанок. Освен ако не сте разговарале за тоа и партнерот експлицитно не се изјаснил така, не може да очекувате дека причината зошто по некое време врската не успеала е бидејќи премногу рано сте имале секс.

Затоа, дишете длабоко, користете заштита, бидете безбедни, бидете искрени и водете се според своите желби, а не туѓите очекувања.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Љубов и секс

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more
 

Магазин

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Читај повеќе