УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Селекторот на Грузија импресиониран од Пандев

Филип Здравески
/ 15.10.2020 / 14:07

Владимир Вајс синоќа распали со пофални зборови за македонскиот капитен, зборувајќи колку е импресиониран од начинот на кој се бори на теренот и покрај неговата возраст.

Словачкиот стратег кој е на чело на репрезентацијата на Грузија синоќа изненади многумина на прес-конференција по натпреварот.

Кога многумина странци посакуваат што побрзо да заврши пресот за да се упатат дома, Вајс одвои време на негова инцијатива да остане подолго. Прашања повеќе немаше, беше слободен да си оди, но тој почна прво заблагодарувајќи се за гостопримството, а потоа се расфрла со пофални зборови за Горан Пандев кој синоќа одигра 90 минути иако ова му беше трет натпревар за само девет дена.

„За Пандев, морам да напоменам колку само е фантастичен играч. На негова возраст како само се бори, како ја гради топката напред... за неговата возраст тој е неверојатен играч. Тој е многу важен за Македонија“, рече Вајс.

Веќе стави дознаење дека за Пандев ќе спрема посебна тактика за натпреварот на 12 ноември, натпревар кој не е во Лигата на нации туку е многу поважен, бараж за пласман на ЕУРО. Ќе се игра во Тбилиси, грузиската престолнина, а победникот, дали по 90, 120 минути или пенал рулет ќе се пласира на ЕУРО за прв пат во својата историја.

„Тој е еден играч, па ќе видиме како ќе се справиме со него. На крајот се надевам дека ние ќе бидеме подобри и ќе го оствариме успехот кој целиот грузиски народ го посакува. Истовремено, ја почитуваме силината на македонската репрезентација, па ќе се видиме во ноември. Уште еднаш ви благодарам“, конечно заврши Вајс, чие излагање ќе го паметат сите.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе