Серена Вилијамс без ВТА ранкинг за првпат од 1997 година

Американската тенисерка Серена Вилијамс, која е една од најдобрите во историјата во овој спорт, за првпат по 1997 година нема да има ранкинг на ВТА листата.

За разлика од нејзината сестра Венус, Серена не играше многу тенис пред нејзината 16-та година, а првпат во главниот ждреб влезе на Кремлин купот во ноември 1997 година.

Седум дена подоцна таа настапи на турнирот во Чикаго, каде го покажа целосниот потенцијал и талент па ја победи тогашната седма тенисерка на ВТА листата, Мери Пирс, како и четвртата носителка Моника Селеш, пред да биде елиминирана во полуфиналето од Линдзи Давенпорт. Меѓутоа, тие бодови беа доволни за да ја рангираат Серена Вилијамс меѓу 100-те најдобри тенисерки на светот, а сѐ останато е историја.

Веќе во следната година таа за првпат се најде помеѓу Топ 20 тенисерките во светот, а наредната година стигна до Топ 10 и го освои нејзиниот прв Гренд Слем турнир во Њујорк.

Нејзиното прво појавување на ВТА листата беше на 20 октомври 1997 година, а таа се задржа таму сѐ до вчера. Поради бременоста таа мораше да паузира поголем период и нема заиграно официјален меч откако ја победи нејзината сестра Венус во финалето на Аустралијан Опен тој месец. Сите нејзини бодови беа избришани и таа ја почнува сезоната одново, без товарот на претходните достигнувања.

Серена Вилијамс има освоено 23 Гренд Слем трофеи и тоа ја прави не само една од најдобрите тенисерки, туку и еден од најдобрите спортисти во било кој индивидуален спорт на сите времиња.

Таа се враќа на терените во февруари, и неколкупати досега напомена дека е гладна за уште успеси, па и дека не планира да се пензионира набрзо.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе