Серена Вилијамс е најплатената спортистка во светот за 2018 година

Тенисот е навистина спорт од кој многу се заработува, а тоа го докажуваат и многуте тенисери и тенисерки кои секоја година се наоѓаат на врвот на листите на најплатените личности од светот на спортот.

Американската тенисерка Серена Вилијамс се најде на самиот врв на листата на најплатени спортистки за оваа година, која ја направи магазинот Forbes.

Некогашната прва дама на светскиот тенис, Серена Вилијамс, поголемиот дел од парите ги заработи надвор од тениските терени, додека во текот на оваа година од тениските турнири заработи само 62.000 долари.

„Серена има договори со Nike, Intel, Audemars Piquet, JP Morgan Chase, Lincoln, Gatorade и Beats. Само 16 спортисти од целиот свет заработија повеќе од неа во текот на изминатите 12 месеци“, пишува новинарот на Forbes, Курт Баденхаузен.

Вилијамс подолго време е најбогатата спортистка во светот. Само од тениските награди во кариерата таа заработи повеќе од 86 милиони долари, а тука не се сметаат надворешните заработки и спонзорства. Во светот на тенисот, од неа повеќе заработија само играчите од големото трио – Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Топ 10 листа на спортистки со најголема заработка во 2018 година:

  1. Серена Вилијамс (тенис) – 18 милиони долари
  2. Каролин Вознијацки (тенис) – 13 милиони
  3. Слоун Стивенс (тенис) – 11,2 милиони
  4. Гарбин Мугуруза (тенис) – 11 милиони
  5. Марија Шарапова (тенис) – 10,5 милиони
  6. Венус Вилијамс (тенис) – 10,2 милиони
  7. Пусарла В. Синду (бадминтон) – 8,5 милиони
  8. Симона Халеп (тенис) – 7,7 милиони
  9. Даника Патрик (Nascar) – 7,5 милиони
  10. Анжелик Кербер (тенис) – 7 милиони
реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе