Серена Вилијамс – Што после тениската кариера?

Повеќекратната добитничка на Грен слем титула, американската тенисерка Серена Вилијамс, изјави дека татко ѝ отсекогаш ја советувал да има резервен план ако не ѝ успее тениската кариера.

Вилијамс неодамна се појави на насловната страница на изданието 2019 Fashionable Fifty на Sports Illustrated, изјави дека ќе се фокусира само на нејзиниот моден бренд откако ќе заврши со тениската кариера.

„За мене е важно да имам нешто на страна од тенисот бидејќи отсекогаш и сум го планирала тоа“, рече Вилијамс. „Татко ми секогаш ме потсетуваше:’Нема да можеш да играш тенис засекогаш’“.

37-годишната тениска кралица има неверојатни 23 Грен слем титули и во 2017 година се врати да доминира со тениските терени откако паузираше поради бременоста.

Модниот бренд на Серена Вилијамс S by Serena не е само уште еден бизнис на кој стои славно име. Додека редеше тениски титули на почетокот на 2000-ти, таа истовремено студираше мода на Институтот за уметности во Форт Лодердејл, Флорида.

„Кога отидов да студирам мода, знаев дека тоа ќе биде нешто што сакам да го правам во иднина. Но, тоа не е професија на која можеш да се фокусираш паралелно со спортот. Но, многу ја сакам модата и сакав да учам.“

Иако Вилијамс нема најавено никакви планови за повлекување, сепак се доближува до возраста на која повеќето професионални тенисери ја завршуваат кариерата.

Според статистиката на Essentially Sports тенисерите се пензионираат на возраст од 30 до 35 години, а некои играат и до 40.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе