Сестрата на Ким Џонг Ун игра опасна тактика: Ги прекина сите контакти со Јужна Кореја

Северна Кореја соопшти дека ги прекинува сите комуникации со Јужна Кореја, вклучувајќи ја директната телефонска линија меѓу лидерите на двете земји.

Северот вели дека ова е само првата од низата мерки и ја нарече Јужна Кореја „непријател“.

Од денеска веќе нема да се остваруваат секојдневните телефонски повици до канцеларијата за врски во пограничниот град Каесонг која беше поставена по преговорите во 2018 година за да се намалат тензиите меѓу двете земји. Воените канали за комуникација исто така ќе бидат прекинати.

Северна и Јужна Кореја уште се технички во состојба на војна бидејќи не беше постигнат мировен договор кога заврши Корејската војна во 1953 година.

Откако беше затворена канцеларијата за врски во јануари поради кризата со COVID-19, комуникацијата меѓу двете земји се одвиваше главно телефонски. Преку оваа канцеларија двете земји комуницираа двапати дневно, во 9 часот наутро и во 17 часот попладне. Вчера, за првпат по 21 месец, утринскиот повик од Јужна Кореја остана неодговорен.

„Дојдовме до заклучок дека нема потреба да седнеме лице в лице со јужнокорејските власти и нема што да дискутираме со нив, бидејќи тие само ја поттикнуваат нашата загриженост“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција KNCA.

Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, минатата недела се закани дека ќе ја затвори канцеларијата за врски ако Јужна Кореја не ги спречи групите на пребегани Севернокорејци да праќаат летоци на Север.

Таа рече дека кампањата со праќање политички летоци е непријателски чин кој претставува кршење на мировните спогодби постигнати на самитот во 2018 година меѓу Ким Џонг Ун и Мун Џае-ин од јужната страна.

Пребеганите Севернокорејци во Јужна Кореја често праќаат балони со летоци и залихи на Север. На тој начин успеваат да пренесат информации преку границата, каде единствен извор се медиумите кои ги контролира државата, а повеќето луѓе немаат пристап до интернет.

Remote video URL
И по Ким-Ким

Голема е веројатноста дека овој прекин на комуникацијата не се должи само на испраќањето летоци преку границата туку дека е дел од поголем план на Пјонгјанг.

Можно е Северна Кореја намерно да создава криза за да ја искористи тензијата како адут во понатамошните преговори. Накратко, ова најверојатно е намерно влошување на односите за да привлече внимание и да може да излезе со поголеми барања пред соседот.

Оваа тактичка игра ја применија и во 2013 година за да ја наведат Јужна Кореја да направи повеќе отстапки.

Remote video URL

Диверзијата добро ќе се одрази и на домашен терен. Ким Џонг Ун не успева да го исполни економскиот просперитет што го ветува со години, додека растат шпекулациите дека во земјата циркулира зараза со COVID-19. Кога на народот ќе му се даде заеднички непријател многу е полесно тој да се обедини и да застане зад каузата.

Она што особено треба да се нагласи едниот од двата потписа на одлуката. Сестрата на Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, ја дала наредбата да се прекинат врските со Сеул. Ова ѝ дава платформа и фокусот на јавноста, што само ги подгрева шпекулациите дека ја подготвуваат да биде следен лидер.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе