Дали Северна Кореја ќе ја добие својата прва диктаторка?

Шпекулациите за здравствената состојба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не стивнуваат, а официјален Пјонгјанг не дава никакви конкретни објаснувања за отсуството на лидерот од важни државни настани.

Како можна наследничка на Ким се споменува неговата помлада сестра Ким Јо Џонг. Таа е родена на 26 септември 1987 година, би можела да раководи со владата на Северна Кореја во отсуство на брат ѝ или ако нешто му се случи.

Ким Јо Џонг не само што е „крвно чист наследник“, туку е и истакнат член на Партијата. Ким Јо Џонг минатиот месец за првпат имаше јавно обраќање, а е редовен и истакнат учесник на сите клучни самити на кои присуствува Ким Џон Ун. Како и за сѐ поврзано со Северна Кореја, а особено со владејачката фамилија, малку се знае за Ким Јо Џонг.

Најмногу податоци има собрано Мајкл Маден кој го води блогот North Korea Leadership Watch. Тој вели дека Јо Џонг е заменик-директор на Работничката партија на Кореја, што секако е многу моќна позиција.

Маден вели дека таа исто така работи како „советничка“ на брат ѝ Ким Џонг Ун, односно има функција на шеф на Кабинетот – организира јавни настани, ја подготвува неговата агенда и логистика. Таа исто така има врски со управата на Националната гарда и со Министерството за државна безбедност.

Кога била дете го има посетено Западот – учела во основно училиште во Берн, Швајцарија од 1996 до 2000 година под името Ким Јонг Сун и живеела во севернокорејската амбасада.

Со оглед на тоа дека е голема веројатноста таа да е наследничка на лидерот на Северна Кореја, имајќи го предвид уредувањето на земјата тоа би значело дека таа ќе биде врховен лидер.

Ваквите информации ги подгреваат теориите за првата „диктаторка на Северна Кореја“, а корисниците на социјалните мрежи веќе почнаа со интересни споредби, теории на заговор, но и предупредувања дека Ким Јо Џонг би можела да биде уште посуров владетел од брат ѝ.

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе