Шаби Алонсо најави крај на кариерата

Поранешниот шпански репрезентативец Шаби Алонсо ги потврди шпекулациите дека ја игра последната сезона во богатата фудбалска кариера.

Шаби Алонсо, најавуваше уште од почетокот на годината дека ќе се пензионира, а во четвртокот, на Твитер потврди дека ова е неговата последна сезона како активен фудбалер.

„Те живеев. Те сакав. Збогум преубав спорту“.

Набргу на оваа социјална мрежа се огласи и претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

„Баерн сака да му се заблагодари на брилијантниот фудбалер кој совршено го следеше патот на Баерн на теренот и надвор од него. Шаби Алонсо е еден од фудбалските великани. Освоил се што можел да освои во кариерата. Над сѐ, тој е прекрасна личност, вистински фудбалски џентлмен“, напишал Румениге.

Кариерата, Алонсо, ја започна во 1999 година во Реал Сосиедад, по четири години во тимот од „Аноета“ се сели во Ливерпул, а во 2009 година, а сума од 30 милиони фунти го облече дресот на Реал. Пет години подоцна Пеп Гуардиола го донесе во Минхен.

Шаби Алонсо во кариерата има европска и светска титула со шпанската репрезентација, а Лигата на шампионите ја освоил со Ливерпул и Реал.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more
 

Спорт

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе