Шахпаска: Нема внатрешно ширење на вирусот меѓу децата во градинките

Состојбата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот во градинките е стабилна.

-Според податоците со кои располагаме, се покажа дека со почитување на мерките и протоколите се спречува внатрешно ширење на вирусот. Минатиот петок се забележани 34 нови позитивни вработени и само осум позитивни деца, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. 

Тврдењето дека состојбата е стабилна, како што рече, го темели на основа на сите досегашни податоци од отворањето на градинките.

-Пред фактите и бројките и боговите молчат. Во петокот имавме 34 нови позитивни вработени. Ако ви кажам дека бројката во претходните недели се движеше 58, 56 што значи скоро е преполовен бројот на позитивни и само осум нови позитивни деца. Стабилна е состојбата. Ширењето на инфекцијата меѓу децата во градинките досега не постоело и бројките одговараат на вкупната епидемиолошка состојба во државата, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по увидот на изградбата на детска градинка во Драчево. 

Таа додаде дека во прилог на тврдењето е и информацијата од општината Кисела Вода, каде во градинките во моментов нема ниту еден позитивен воспитувач, ниту едно позитивно дете.

-Ова говори дека со почитување на протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести состојбата во градинките може да се одржува стабилна, нагласи министерката за труд и социјална политика.

Според неа, во моментов има 7.500 слободни места за згрижување на децата, бидејќи од 21.350 слободни места за сместување на деца по протокол, згрижени се 13.400 дечиња.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе