ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Шалке 04 го претстави Чурлинов: Погледнете кој се врати

Филип Здравески
/ 23.01.2024 / 10:51

Германскиот клуб Шалке 04 денеска официјално го претстави македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов како повратник во тимот.

Чурлинов доаѓа во тимот од Гелзенкирхен како позајмен играч од премиерлигашот Барнли, каде ниту еднаш не доби шанса да заигра вои Премиер лигата откако претходно неколку месеци отсуствуваше поради болест. Позјамицата е до јуни, но со опција Шалке 04 да го откупи неговиот договор.

URL

„Задоволен сум што се враќам во Шалке, секогаш останав во контакт со клубот и навивачите. Сега сакам да му оддолжам на клубот за неговата доверба - о можност со голови, асистенции и, пред сè, со победи“, беа првите зборови на Чурлинов по враќањето во Шалке 04.

Од неговото доаѓање задоволен е и спортскиот директор на клубот, поранешниот белгиски репрезентативец Марк Вилмотс, кој изјави:

„Чурлинов е калибар на играч каков што сакавме да ангажираме во зимскиот трансфер период. Никогаш досега не сум видел играч толку мотивиран и подготвен за предизвик како што е тој сега“.

23-годишниот Чурлинов играше за Шалке 04 во сезоната 2021/2022, и тогаш како позајмен играч, но од Штутгарт. Тогаш во 2. Бундеслига одигра 22 натпревара и постигна 2 гола, а имаше и 1 настап во ДФБ купот.

Шанса за прв настап ќе има в петок кога Шалке 04 гостува кај заспаниот џин Кајзерслаутерн. На Шалке 04 сезонава не му оди добро во втрората лига каде по 18 кола е на разочарувачкото 14-то место со само 20 бода и никакви шанси за враќање во германската елита, напротив, го чека грчевите борба за опстанок.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more
 

Спорт

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе