Шест совети како да имате насмевка од милион долари

Насмевката игра голема улога во нашите животи. Освен што е првото нешто што се забележува на нечие лице, смеењето го подобрува расположението и го намалува стресот.

Сепак, лошите заби први ќе ја расипат насмевката, а покрај на естетиката, може негативно да влијаат и на здравјето.

Луѓето кои имаат проблеми со забите не сакаат да ги откриваат со широка насмевка, а тоа често предизвикува фрустрации и вознемиреност.

Добрата вест е дека можете многу да направите сами, а здравствените експерти откриваат трикови за поздрави и поубави заби!

Зошто се важни здравите заби?

Здравствените експерти објаснуваат дека здравите заби се важни не само за убава насмевка, туку и за здравјето и изгледот воопшто.

Имено, забите му даваат облик на лицето. Предните заби се одговорни за тоа што нашите усни се испакнати затоа што без нив би се вовлекувале во лицето. Задните заби загризуваат, но го обликуваат и лицето и спречуваат вилицата да „клапне“. Тие истакнуваат дека губењето на забите прави да изгледате околу десет години постари.

Покрај тоа, невниманието доведува до кариес и расипување на забите, дури и губење заби, болести на непцата и лош здив.

Бели заби

Белењето на забите е еден од најлесните начини да го подобрите вашиот изглед со минимален напор. Сепак, превенцијата е најдобра, посочуваат стоматолозите.

Тие советуваат да се избегнува храна која остава дамки како кафе, чај и црвено вино. Користете паста за заби дома, а за професионална нега посетете стоматолог.

Најважна е хигиената

Мијте ги забите најмалку две минути двапати на ден, а пред спиење исчистете ги со конец, советува експерт. Плакнењето на устата со течност за орална хигиенае исто толку добро, но првите две опции се поважни. Стоматолозите истакнуваат да користите паста со флуор затоа што е поефикасна.

Забен конец секој ден и електрична четка за заби

Експертите дури советуваат да ја замените обичната четка за заби со електрична бидејќи подобро и поквалитетно ќе ги отстрани наслагите и бактериите.

Исправете ги забите

За жал, нема брз лек, а има и такви кои можете да ги пробате дома за да ги исправите забите. Контактирајте со вашиот ортодонт за ова бидејќи искривените заби почесто се расипуваат и создаваат повеќе проблеми.

Редовно одете на стоматолог

Редовното одење на стоматолог ќе спречи влошување на некои системски орални заболувања. Стоматологот ќе забележи некои знаци на болеста кои може да ги пропуштите, а некои знаци може да спречат формирање на орални тумори.

Избегнувајте лоши навики

Луѓето ги оштетуваат забите на многу начини, но важно е да се следи само еден принцип. Рецептот за расипување на забите се ниските pH вредности, а храната што доведува до таква киселост во устата се шеќерите, киселата храна и алкохолот. Тие најмногу го поддржуваат развојот на бактерии во устата кои ја уништуваат глеѓта, предизвикуваат болести на непцата и темни заби. Шеќерите вклучуваат и чипс и други грицки, слатки, разни пијалоци, десерти и гумени бонбони.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе