КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Шок во Палермо! Македонија против Роналдо за мундијалска виза!

Филип Здравески
/ 24.03.2022 / 22:50

Македонската фудбалска репрезентација со италијански рецепт одиигра против европскиот шампион. Италијанците доминираа, но мрежите мируваа сѐ до крајот кога Трајковски со одличен удар го реши победникот.

Селекторот Благоја Милевски натпреварот го почна со Столе Димитриевски помеѓу стативите, во одбраната лево Езџан Алиоски, десно капитенот Стефан Ристовски, на централните бековски позиции Висар Муслиу и Дарко Велковски, во средината Енис Барди, Аријан Адеми и Бобан Николов, лево крило Александар Трајковски, десно крило Дарко Чурлинов, а во нападот Милан Ристовски.

Првите 45 минути комплетно ѝ припаднаа на домашната репрезентација. „Аѕурите“ доминираа, ја имаа контролата на топката, создадоа и неколку шанси, но бадијала кога резултатот на паузата гласи 0:0.

Првата сериозна шанса дојде по точно половина час игра кога Димитриевски направи лошо додавање, топката ја прими Берарди кој упати удар кон празниот гол, но македонскиот голман стигна навреме и одбрани.

Remote video URL

На истекот на истата минута, но во друга акција, Имобиле од лево биеше за малку над голот. Во 39. минута се обиде Инсиње од далечина, но Димитриевски повторно одбрани исфрлајќи во корнер.

Македонија првата шанса ја имаше преку Чурлинов дури во 39. минута кога поита во контра, речиси стигна пред голот на Донарума, но пред да шутира Манчини му ја собра топката. Потоа во последната минута од првиот дел Барди одработи одлична акција, го проигра Трајковски кој упати удар надвор од шестнаесетникот, но беше лесен плен за одличниот Донарума.

Во вториот дел продолжи италијанската доминација, но и борбената игра на „Рисовите“. Јалови беа сите тие напади на момците во сино кон македонскиот гол кога завршницата изостануваше. Само Берарди трипати биеше непрецизно, а нервозниот Манчини на клупата немаше идеја, па на крајот во игра во уфрли дури и едвај опоравениот ветеран, 37-годишниот Џорџо Кјелини.

Казната Италијанците ги стигна во 2. минута од судиското надополнување кога Александар Трајковски од дваесетина метри упати удар кон подалечната статива и го совлада Џиџи Донарума. Трајковски, кој на овој ист стадион играше 4 години во дресот на Палермо, на најубав можен начин се врати во овој убав сицилијански град.

Remote video URL

На другиот натпревар од нашата група Португалија со 3:1 ја совлада Турција, што значи дека Македонија од Палермо продолжува за Порто каде во вторник од 20:45 ќе игра натпревар на животот против Кристијано Роналдо и другарите, натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.

Remote video URL
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе