Шпанија: За три недели двојно зголемен бројот на нови заболени од COVID-19

Во Шпанија по укинување на повеќемесечните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата со COVID-19 расте бројот на новозаболени лица.

Според шпанските здравствени власти бројот на нови случаи кон крајот на јуни изнесуваше осум на 100.000 жители, кога беше укинат карантинот, сега е 27 на 100.000 жители.

За време на викендот во Шпанија регистрирани се 4.581 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани лица со новиот коронавирус се искачи на 264.836. Досега во земјата починаа 28.000 луѓе.

Откако во Шпанија се ублажија или укинаа рестриктивните мерки и граѓаните се вратија на секојдневниот живот се појавија околу 200 нови жаришта, со големи концентрации на заразени лица во каталонските градови Барселона и Леиде.

„Жариштата се појавија таму каде ги ублаживме мерките. Зборуваме за големи семејни прослави и посетите во ноќните клубови“, изјави шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила.

Каталонската регионална Влада во петокот упати апел до околу четири милиони луѓе, вклучително и жителите на Барселона, да  останат во своите домови и да не се собираат повеќе од 10 лица.

Со цел да се спречи појава на нови жаришта, во поголемиот дел од Шпанија мора да се носат заштитни маски дури и кога може да се одржи физичка дистанца.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе