Штип: Откриени 9 автобуси и комбиња со фалинки

Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што биле проверени 13 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници, и биле упатени во станица за технички преглед.

Според извршената контрола од 13 автобуси и комбиња, дури кај 9 од нив им било пронајдена некоја фалинка. На две возила била утврдена техничка неисправност, додека кај други две имало недостатоци на опрема. Други две возила превезувале патници со измината важност на сообраќајната дозвола, едно било нерегистрирано возило, едно од возилата било со други недостатоци, додека еден возач возилото не го ни однел во станица за технички преглед.

– Санкционирани биле и 15 други видови прекршоци од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, една за неносење возачка дозвола, две за некористење сигурносен појас и 6 за непрописно паркирање. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбдноста во сообраќајот, се вели во соопштението од СВР Штип.

Акциска контрола е спроведена и денеска во периодот од 7:00 до 10:00 часот на подрачјето на СВР Штип. Контролата била за санкционирање возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои 9 надвор од населено место и 7 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе