Што му остана на Меси да освои пред крајот на кариерата?

Лионел Меси вчера наполни 32 години, а судејќи по изминатата сезона во која повторно покажа дека е најважниот играч на Барселона без конкуренција и еден од најдобрите фудбалери во светот, се чини дека пред себе има уште многу фудбалски години.

Без оглед на тоа, неизбежно е дека неговата професионална кариера ќе заврши наскоро, како што е случај со сите професионални спортисти, особено фудбалерите кои активно играат во просек до 35-тата година.

Во неговата досегашна кариера Меси има освоено толку многу награди и трофеи што е тешко да се избројат, но сега доаѓа моментот кога може да се постави прашањето уште колку ќе може да направи и освои пред да стави крај на кариерата.

Секако, може уште еднаш да се обиде да ја освои Лигата на шампиони, што би било петта ваква титула во неговата кариера. Барселона ја нема освоено ЛШ од 2015 година, а изминативе неколку години не беше ни блиску до освојување на трофејот. Сепак, додека е Меси во екипата, Барселона мора секоја година да се гледа како еден од главните фаворити.

Освен титулата во ЛШ, Меси уште има реални шанси да стане најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Кристијано Роналдо моментално е на врвот на листата со 126 голови, а Меси не заостанува многу – следи на второто место со 112 голови. Кога ќе се земе предвид дека Меси е две години помлад од Роналдо, не е исклучена можноста кога и двајцата ќе завршат со кариерите, Аргентинецот да биде на врвот на оваа листа.

Над кариерата на Меси стои сенката од фактот дека уште нема освоено трофеј со Аргентина, а тоа секако е нешто што сака да го оствари пред да се пензионира. Го освоија златото на Олимписките игри, но тоа не е успех што може да се мери со Светското првенство или Копа Америка. Првата прилика за освојување на трофејот со Аргентина му е токму сега – влегоа во чевртфинале на Копа Америка и Меси го делат три натпревари од од овој трофеј.

Освен спомнатите достигнувања, една од желбите е секако уште една Златна топка, награда која според многумина би му донела дополнителна предност во дебатата за најдобар фудбалер во модерната ера, домен во кој тој и Роналдо се во „мртва трка“.

Оваа награда би можел да ја освои годинава, кога покрај неговото име се спомнува и Вирџил ван Дајк од Ливерпул.

Ако Аргентинецот го крене трофејот на Копа Америка годинава, не би требало да има дилема.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе