Што не треба да јадат трудниците за време на бременоста?

Познато е дека трудниците не треба да конзумираат алкохол и тешки намирници, но стручњаците додаваат уште неколку видови храна што треба да се одбегнуваат за време на бременоста.

Нутриционистраката Ема Дербишир советува дека некои сосови и слатки може да наштетат во развојот на бебето и да го зголемат ризикот од пометнување.

Свежи сокови

На прво место се непастеризираните сокови од овошје и зеленчук. Овие сокови може да содржат бактерии што се штетни за лицата со оштететен имунитет, во кои спаѓаат и трудниците. Треба да се избегнуваат свежо цедени сокови што се продаваат на штандови и во кафулиња.

Паштети

Во овие примамливи намази може да има бактерија Listeria Monocytogenes што предизвикува симптоми на прелада, дијареа и настинка. Го зголемува ризикот од спонтан абортус и заболување на бебето.

Диња

Ова овошје содржи 90% вода, 9% јаглехидрати и 1% протеини и маснотии, но може да ја содржи и бактеријата Listeria.

Хот-дог што се продава на отворено

Размислете двапати пред да нарачате храна што се продава на отворено. Виршлите обично се однапред сварени и може да имаат бактерии на кои трудниците не смеат да се изложуваат.

Салами

Се препорачува трудниците да јадат црвено месо бидејќи е богато со протеини, железо и витамин B12, но треба да се одбегнува преработено црвено месо, а особено луто зачинето. Саламите и колбасите содржат конзерванси нитрати што може да наштетат во развојот на бебето. Исто така, содржат високо ниво на сол што може да биде многу штетно за трудниците.

Холандски сос

Овој сос се прави со живи јајца, што го зголемува ризикот од зараза со салмонела. Од истата причина одбегнувајте мајонез, сладоледи и тирамису за време на бременоста.

Туна

Дозволено е да се јаде оваа риба, но не во многу големи количини. Препорачаната количина е најмногу 4 стандардни конзерви неделно. Причината зошто е на листата јадења што не се препорачува да се јадат често во бременоста е бидејќи содржи жива што во големи количини може да му наштети на плодот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе