Што сè им вети Данела Арсовска на жителите на Кисела Вода пред да стане градоначалничка на Скопје?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, пред една година како независна кандидатка за градоначалник при средби со граѓаните на Кисела Вода им вети подземна сообраќајница, кружен тек и нови булеварски решенија во општината.

Фото: МИА
Фото: МИА

При неколку средби со жителите на Кисела Вода, во 2021 година пред да стане „мајка на градот“, Арсовска на жителите на Кисела Вода во нејзината изборна програма за модерно Скопје им вети дека во партнерство со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе изгради Јужен коридор – што ќе значи брзо и ефикасно поврзување на Кисела Вода со Центар – преку подземна сообраќајница, кружен тек и нови булеварски решенија и на потегот кај Рампа, но и на крстосницата меѓу улиците „Павел Шатев“ и „Јордан Мијалков“. Тогаш им вети на жителите на општината брзо стигнување до центарот на градот.

Најави поврзување на Кисела Вода со Аеродром преку улицата „Народни Херои“ до „Трета македонска бригада“.

„Нема да го заборавам и булеварот „Борис Трајковски“, ќе го поврземе Драчево со Кисела Вода“, изјави тогаш Арсовска.

Се обврза и на нова противпожарна станица во општина Кисела Вода, со капацитет за пет противпожарни возила.

На средба со жителите на општина Кисела Вода, кон крајот на септември, 2021 година во паркот на Бранители во Драчево Арсовска вети:

„Ќе изградиме нов објект на средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Драчево, затоа што средношколците заслужуваат да учат во модерно, дигитализирано, напредно и отворено училиште. Се обврзуваме и на нова противпожарна станица во општина Кисела Вода со капацитет за пет противпожарни возила. Во програмата предвидуваме и нови велосипедски патеки кои ќе се протегаат од Драчево преку Кисела Вода кон Центар, нови автобуски линии и нови автобуски станици на постоечките автобуски линии, чистење на дивите депонии, решавање на Усјанскиот канал, нови паркови и зелени површини во Кисела Вода, паркиралишта, сообраќајни решенија кои ќе значат лесен и брз пристап, запирање на дивата урбанизација, субвенции за велосипеди и електрични тротинети - практично нов паметен систем на функционирање на Скопје“, вети таа.

Иако градоначалникот Ѓорѓиевски отворено ѝ даде поддршка на кандидатурата кога тој победи на локалните избори во 2021, соработката меѓу нив двајца за подобрување на општината изгуби надеж кога Арсовска го урна знакот „Ја сакам Кисела Вода“ поставен од градоначалникот и со тоа предизвика револт кај жителите на Кисела Вода.

Знакот „Ја сакам Кисела Вода“, поставен на пешачкиот остров меѓу улицата „Народни Херои“ и булеварот „Борис Трајковски“ беше поставен кон средината на јуни со цел да се разубави општината.

Но, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вели дека Арсовска наместо да се занимава со решавање на проблемите на граѓаните, таа урива знаци кои се донација од граѓани. Вети дека знакот повторно ќе биде вратен.

„Покажувањето сила кај мене не поминува, знакот ❤️ Кисела Вода ќе биде повторно вратен. Никогаш не сум бил човек кој бара расправи и учествува во конфликти и подолго време бев воздржан околу случувањата кои денес ескалираа и ги вознемирија нашите жители“, напиша на Facebook Ѓорѓиевски.

Арсовска во август годинава го отстрани стариот небезбеден бетонски потпорен ѕид кој беше паднат поради временски неприлики и направи нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ во Пинтија, откако стариот се урна.

„Градот Скопје продолжува со проектот за проширување во булеварско решение Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. Оваа сообраќајница во должина од 2.325 метри добива четири наместо две коловозни ленти, кружен тек наместо крстосницата пред мостот кај Драчево, како и нова пешачка и велосипедска патека“, соопшти Арсовска во октомври.

Досега има реализирано неколку проекти значајни за општината за кои и јавно даде отчет:

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе