Ако сте го гледале цртаниот филм Попај како дете, сигурно се сеќавате колку сила му даваше лименката спанаќ на тој морнар. Навистина, спанаќот е многу здрава храна, но нема веднаш да ја забележите разликата доколку почнете да го консумирате секојдневно.

Придобивките од јадењето спанаќ се појавуваат постепено, што влијае на краткорочното и долгорочното здравје без воопшто да го сфатите тоа. Ве интересира како? Продолжете да читате за да дознаете.
Диететичарот Ја Боакје за Parade вели дека е безбедно да се консумира спанаќ секој ден, но во количина од една шака.
„Прекумерното јадење спанаќ може да доведе до прекумерно внесување на оксалати, што може да придонесе за формирање на камења во бубрезите кај осетливи лица. Сепак, за повеќето луѓе би било тешко да консумираат прекумерни количини спанаќ на дневна основа, бидејќи спанаќот е храна штоз аситува поради високата содржина на влакна“, истакнува Боакје.
Диететичарката Керолин Јанг вели дека луѓето кои земаат лекови за разредување на крвта треба да внимаваат колку спанаќ јадат, бидејќи тој е богат со витамин К, кој ја разредува крвта.

Инаку, спанаќот содржи многу витамини А, Ц и К, фолати, магнезиум, манган, влакна и антиоксиданси.
„Диететските влакна во спанаќот промовираат здраво варење и редовно празнење на дебелото црево. Влакната го поддржуваат здравиот микробиом на цревата, кој е од суштинско значење за целокупното дигестивно здравје“, објаснува Боакје.
Друга краткорочна придобивка од редовното консумирање спанаќ е пореткото заболување поради посилниот имунолошки систем.
„Спанаќот е богат со витамин Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем, помага во функционирањето на белите крвни зрнца и ги штити клетките од оксидативно оштетување. Ова ве одржува здрави, под претпоставка дека управувате со стресот, пиете вода, спиете доволно и се занимавате со други велнес активности. “, истакна Боакје.
Ако редовно консумирате спанаќ во текот на подолг временски период, и двајцата диететичари се согласуваат дека би можеле да искусите пет придобивки.
Тоа се намален ризик од развој на кардиоваскуларни болести, намален ризик од когнитивно опаѓање и деменција, подобар вид, намален ризик од развој на одредени болести и рак и силни и здрави коски.