Што значи кога ви „игра“ левото или десното око?

Што мислите, треперење на окото е добар или лош знак?

„Играњето“ на окото може да биде многу непријатно. Според лекарите најчесто е симптом на замор, а може да биде и многу непријатно.

Научно гледано, тоа е всушност миокимија (myokymia). Миокимијата е присилно, спонтано тресење на неколку снопови мускулни влакна во мускулот, што е недоволно за да предизвика контракција на целиот мускул. Обично може да се види на кожата на долниот очен капак.

Сепак, иако медицината кажува едно, народот има свои верувања со кои се објаснуваат причините за трепкањето на левото или десното око.

Во Кина, играњето на левото око се смета за знак на среќа, додека играњето со десното око се верува дека носи лош знак.

На Хаваите има тотално поинакво значење, така што играњето на левото око значи дека во семејството ќе дојде непозната личност, но доколку игра без престан, тоа значи дека може да дојде до раздор внатре во семејството.

Индијците играњето со левото око го сметаат за знак на лоша среќа, додека треперењето на десното око претставува среќа, сосема спротивно од Кина.

На Балканот има многу различни верувања

Некои тврдат дека играњето на десното око значи остварување на сите желби што сте ги замислиле, додека на левото е лош знак.

Постои и верување дека ако на жена ѝ игра левото око, тоа значи дека ќе има средба со маж кој долго време го немала видено, па се претпоставува дека тоа е добар знак бидејќи жените за време на војната се плашеле дали нивните сопрузите ќе се вратат живи.

Друго значење е дека ако ви игра горниот дел од десниот очен капак, тоа претставува радост во семејството, а долниот дел создава ново пријателство.

Тагови
реклама

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе