КУП НА МАКЕДОНИЈА 2021/22 - ФИНАЛЕ

Силекс и Македонија ЃП денеска по пехарот од фудбалскиот Куп

Филип Здравески
/ 20.05.2022 / 09:24

Во јубилејната XXX сезона на Купот на Македонија денеска од 18 часот ќе се сретнат бранителот на тронот кратовски Силекс и предизвикувачот Македонија Ѓорче Петров.

Тренерот Горазд Михајлов со капитенот Даниел Божиновски (Силекс) и капитенот Ермедин Адем со тренерот Муарем Бајрами (Македонија ЃП); Фото: ФФМ

На Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје денеска ќе се игра XXIX финале во јубилејната XXX сезона на Купот на Македонија на ФФМ. Тоа е така затоа што во сезоната 2020 Купот заглави во полуфиналето откако пандемијата ја прекина сезоната која потоа никогаш не се доигра.

Се среќаваат второлигаш и прволигаш. Силекс иако лани го освои Купот, испадна од Првата лига, но сезонава беше најдобар во Втората лига Запад и експресно се врати во елитата, а преку Купот има шанса дури и да се избори за нова европска летна авантура. Македонија ЃП извиси за европско место преку лигата завршувајќи на 4. место, па Купот е единствена шанса „Лавовите“ да ја почувтсвуваат фудбалска Европа претстојново лето. Победникот на Купот ќе избори учество во квалификациите од Европа конференциската лига.

Пат до финале

Силекс како актуелен освојувач го прескокна 1. коло и почна од осминафиналето каде како гостин ја елиминираше Беласица со 4:2. Потоа во четвртфиналето одигра 1:1 дома со штипска Брегалница за потоа да победи на пенали со 5:4. Во полуфиналето гостуваше во Битола и со минимални 1:0 ги остави во солзи битолчани.

Македонија ЃП во 1. коло лесно мина кај второлигашот Детонит во Радовиш славејќи со 3:0. Во осминафиналето налета на минатогодишниот финалист Академија Пандев, одигра 1:1 во Струмица па славеше на пенали со 5:3. Тешка задача имаше и во четвртфиналето каде успеа да го исфрли сега лигашкиот шампион Шкупи со 0:0 и 4:1 на пенали, а во полуфиналето повторно беа подобри пеналџии овој пат на кости кај Струга со 4:2 откако и тој натпревар заврши без голови.

Историја

За Силекс ова е финале број 5, а го брка четвртиот пехар. Кратовчани се радуваа во 1994, 1997 и лани во 2021, додека губеа во 1995.

„Лавовите“ од скопската населба Ѓорче Петров ќе го играат финалето број 4, имаат само една титула, онаа од 2006 година. Потоа двапати губеа и тоа во 2009 и во 2019, двата пораза по изведувањето на пенали.

Изјави

Ермедин Адем - капитен на Македонија ЃП 

„Следува еден голем натпревар за нас, цела сезона се бориме за вакви натпревари. Сакаме да ја крунисаме сезоната со Куп-трофеј. Имаме респект за Силекс и можам да кажам дека не се случајно во ова финале. Ние како екипа сме подготвени, имавме можеби најтежок пат до финалето, но ги минавме сите и тука сме. Знам дека кој и да игра во финалето ќе го даде максимумот и сакам да го освоиме трофејот и по долги години во Ѓорче да го донесеме“.

Даниел Божиновски - капитен на Силекс: 

„Од почетокот на сезоната претрпевме промени во тимот. Нашиот тим 95% е составен од нови играчи и фудбалери за разлика од минатата сезона. Со тек на времето полека се воигравме, направивме резултати како што посакувавме. Приоритет ни беше влезот во Првата лига, тоа и го остваривме. Предизвик ни беше да дојдеме до финалето на Купот, еве го и тоа, па знам дека секој ќе го даде максимумот“.

Судии

Главен судија: Александар Грујоски (Кичево)
Помошници: Куштрим Лука и Зоран Јанкуловски (Кичево)
Четврти судија: Марјан Ецкоски (Охрид)

Билети

Билетите за финалето се во продажба од понеделникот, а чинат симболични 100 денари. Можат да се купат единствено онлајн на MKTickets. За публика е пуштена само трибината Север и тоа северозападниот влез. Карти не се продаваат на билетарницата на стадион, ниту на другите продажни места.

Пренос

Директен пренос од големото финале ќе врши МРТ1 (за секој случај ќе има и на МРТ3), а половина час пред почетокот ќе има и специјална емисија посветена на финалето.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе