Силјановска Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.

„Од сè срце ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, исполнети со радост и со среќа што имаме можност да ги ползуваме плодовите на великото дело на солунските браќа. Благодарение на нив, словенските народи добија можност да ја развиваат својата духовност, култура, образование, наука. И македонската јазична и културна самобитност, но и светогледот и космополитизмот се втемелени од нивната работа и достигнувања, и од нивното човекољубие.

Светите Кирил и Методиј покажаа дека со знаење, жед за вистината, правдољубивост, посветеност, хуманизам и благородност, можат да се надминат ограничувањата и да се победат неправдите. Историјата на Европа и на светот нема премногу примери на така влијателни личности коишто имаат оставено печат на своето време, но и патоказ за иднината и кои се светилници на човечката цивилизација. Затоа нивното дело и по еден цел милениум не бледнее и не губи на значење.

Нека подвигот на светите браќа и понатаму бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено и исполнето живеење, творење и создавање“, напиша Силјановска Давкова.

реклама
Сончево и релативно топло со умерена облачност

Сончево и релативно топло со умерена облачност

Read more
Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион

Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион

Read more
Премиерна изведба на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

Премиерна изведба на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

Read more
Руни: Сè ќе беше подобро со Гвардиола

Руни: Сè ќе беше подобро со Гвардиола

Read more

Македонија

СДСМ: Го поддржавме законот за патните трошоци, потребни се казни за злоупотреби

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на Левица за нивно намалување

Read more

Апасиев: Честито нови милиони евра, колеги патриоти, со здравје да си ги трошите

Read more
 

Вести

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Читај повеќе

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетничка

Читај повеќе

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Читај повеќе

СДСМ: Го поддржавме законот за патните трошоци, потребни се казни за злоупотреби

Читај повеќе
  • filter

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Читај повеќе

Загина 66-годишен пешак, го удрило возило на патот Гостивар-Кичево

Читај повеќе

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на Левица за нивно намалување

Читај повеќе

Медведев: Изјавата на Зеленски за можноста за размена на територии е глупост

Читај повеќе