Сите неодговорени прашања за вакцината што го крена светот на нозе

Веста за вакцината на американски Pfizer и германски BioNTech е многу значаен чекор во борбата со пандемијата на COVID-19, а некои дури и ја нарекуваат „светлото на крајот од тунелот“.

Експертите за имунологија посочуваат што сè уште треба да дознаеме од двете компании чие соопштение го обиколи светот.

Никој не се сомнева дека ова е „голем научен чекор напред“. Сепак, барем дел од медиумите во ЕУ ги чекаат сите одговори од BioNTech и Pfizer за конечниот, конечен успех во развојот на основната вакцина против COVID-19.

„Се надевам, ... но сè уште не сум баш сигурен дека ќе ја видиме вакцината до Божик“, вели за Guardian професорот Џонатан Ван-Там, вториот човек во на научниот тим на англиската влада, за стапката на успешност на вакцината од 90%.

Süddeutsche Zeitung, во меѓувреме, објави дека регионалната влада на германската Рајнска област-Пфалц веќе подготвува „формирање на 36 центри за вакцинација до крајот на годината“. Ова е токму регионот каде се наоѓа центарот на  BioNTech во Мајнц.

Веста за успехот на германските и американските компании беше детално анализирана и од австриски Der Standard и германски Der Spiegel. Австрискиот весник нуди одговори за преостанатите отворени прашања во врска со ефективноста на вакцината на BioNTech и Pfizer:

Неодговорени прашања

„Воопшто не се малку на број (отворените прашања). Старосната структура на испитаниците за кои се покажа дека не е ефикасна, остана непозната. Овие податоци се особено важни за да се знае дали вакцината ќе може да ја заштити најпогодената ризична група, постарите луѓе. Покрај тоа, сè уште не е познато колку долго штити вакцината, како и дали штити од инфекција или само од болеста (се мисли инфекција со симптоми).

Во продолжение на прилогот, кој меѓу другите го потпишува и уредникот на рубриката за наука на Der Standard, се објаснува сложениот процес на одобрување на вакцините, на кој ЕУ многу строго се придржува, и се цитира експертот за имунологија Кристина Николоди, која се надева на „први вакцинации кон крајот на март“.

Анализата на Der Spiegel е со најмногу критики, почнувајќи од насловот: „Дупки во соопштението за успех“. Стои дека ова е „колоквиумски тест“, дека резултатите покажуваат „значително поголема ефикасност отколку што се очекуваше“, но исто така и дека „важните прашања остануваат отворени“.

Покрај деталите за протоколите за одобрување во САД и ЕУ, се објаснува од каде доаша откривањето на 90-процентната стапка на успех на вакцината од студијата на 43.500 испитаници, како и што значи дека 94 испитаници досега во третата фаза биле позитивни на коронавирусот. Исто така, се објаснува и што „останува како отворено прашање“, според Der Spiegel.

Станува збор за фактот дека само половина од испитаниците ја примиле вакцината што се истражува, додека другата половина добила плацебо, односно другата половина е контролна група. Понатаму е објаснето дека стапката на успех се одредува со споредување на бројот на оние во првата група кои се разболеле (за време на нивните нормални животни активности) со бројот на пациенти во втората група.

„Досега, студијата идентификуваше 94 случаи на инфекција со коронавирус, скоро сите се од плацебо групата. За да се дојде до проценета ефикасност од повеќе од 90 проценти", пишува Der Spiegel цитирајќи го објавениот документ од BioNTech и Pfizer, „(од плацебо групата) мора да бидат минимум 86 случаи, наспроти максимум осум случаи од вакцинираната група“, вели Џулија Мерлот, уредничка на Рубриката за наука во Der Spiegel.

Ова е местото каде Мерлот доаѓа до првото „отворено прашање“:

„Компаниите не го наведуваат бројот на случаи на инфекција во секоја од групите. Тие наведуваат дека вакцинираното лице е заштитено 28 дена по првата вакцинација“.

Тука веќе станува збор за евентуален практичен проблем со употребата на вакцината, односно двократно вакцинирање.

Таа забележува, според соопштенето за медиумите на BioNTech и Pfizer на 137 страници, дека заштитата се постигнува кај повеќе од 90 проценти од вакцинираните лица седум дена по втората доза на вакцината и констатира дека тоа е „значително подобар резултат од оној наведен како минимален неопходен во потоколот со кој се проценува ефикасноста на вакцината“.

Мерлот го цитира истакнатиот вирусолог Флоријан Крамер од Медицинскиот факултет Icahn од болницата Mount Sinai во САД, дека ова е „искрено, најдобрата вест што ја слушнал од 10 јануари“

Сè на сè - добра вест

Мерилин Адо, шеф на Одделот за тропска медицина на Универзитетската клиника Епендорф, коментира дека сè уште не се објавени сите податоци од истражувањето, но станува збор за научник кој работи на проект за развој на друга вакцина за коронавирус. Затоа, Мерлот побара мислење од научник кој е поштеден макар и од потенцијална пристрасност.

Леиф-Ерик Сандер, раководител на одделот за имунолошки истражувања и студии за вакцини во универзитетската болница Шарите во Берлин (каде, на пример, Алексеј Навални беше третиран за последиците од труење со новичок), ги посочи истите прашања кои за отворени ги смета и Der Standard:

„Мора да се утврди дали вакцината е подеднакво ефикасна кај различни групи од населението, особено кај ризичните групи како што се постарите лица.“

Тој рече дека во моментот, дури и вакцина со ефикасност од само 50 проценти би била добра вест, бидејќи иако не може да се постигне имунитет на стадо, тоа може значително да го ослаби ширењето на вирусот.

И тој, како Мерилин Адо, рече дека ова може да се дознае од „сè уште необјавените податоци од истражувањето“ на Pfizer и BioNTech. Мерлот посочува дека имало критики по објавувањето на резултатите од истражувањето, кои доброволно беа објавени во јавноста, бидејќи оние кои имаа клиничка слика со релативно благи симптоми, исто така се сметаа за „случаи на инфекција“.

Таа објасни дека овој дел би бил проблематичен затоа што во тој случај потешко може да се проценат одредени елементи на дејството на вакцината; до кој степен вакцината штити од потешка форма на болеста, односно во случај кога и вакциниран ќе се разболи, колку е заштитен од фактот дека барем нема да биде во опасност да мора да биде спасуванво болница, како и во колкав процент вакцината спречува асимптоматска инфекција, што е од големо значење при проценката на влијанието врз спречување на ширење на вирусот, а со тоа и епидемиолошки мерки покрај вакцинацијата.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе