ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Скола на чекор од врвот, сега е втор мундијалски стрелец

Аргентинецот со постигнатите поени против Нигерија се проби на второто место на вечната листа на најдобри стрелци на мундијалите оставајќи го зад себе легендарниот Ендрју Гејз.

Луис Скол гази и на 39 години. Со 23 поени беше најефикасен на натпреварот кој Аргентина го доби со 94:81 против африканскиот вицешампион. Токму за време на натпреварот Скола го направи она што се очекуваше од него на Мундобаскетот, да се пробие на второто место на листата на стрелците на сите времиња.

Против Нигеријците Скола дојде до бројката од вкупно 611 поени постигнати на сите мундијали на кои настапувал со што го помина Австралиецот Ендрју Гејз кој има 594.

„Беше фантастичен играч многу, многу години. Ова е тажен ден за мене, но одличен за тебе. Иначе, тебе ти требаа пет мундијали, мене само четири“, прокоментира на шега Гејз.

„Тој не го знае ова, но во 1990 кога играше во Аргентина јас бев на трибини и го гледав. Јас сум негов голем фан, мислам дека е еден од најдобрите во историјата. Возбуден сум, за мене е нешто навистина големо, да биде моето име таму меѓу тие легенди“, изјави Скола.

Прв на вечната листа е недостижниот Бразилец Оскар Шмит со дури 906 поени, но Скола има уште натпревари за играње во Кина...

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе