Силна снежна бура, која вчера почна во Америка, остави околу половина милион луѓе без струја во југоисточниот дел на земјата, а сега невремето се движи кон источниот брег, додека Вашингтон и федералните служби полека се затвораат , пишува Forbes.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување и предвидува дека во некои области ќе паднат од 20 до 30 сантиметри снег.
Државниот завод за човечки ресурси доцна синоќа соопшти дека федералните служби во главниот град денеска ќе бидат затворени и оти на работниците кои не работат во итните служби ќе им биде дозволено да не доаѓаат на работа, но не и на вработените во итните служби.
Државните училишта во Вашингтон денеска и утре ќе бидат затворени, како дел од големо тестирање за COVID-19, па отворање се очекува дури во четврток.