ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Солскјер направи потег каков што не сме виделе од 2012

Манчестер Јунајтед го победи Вест Хем со 1:0 во последниот натпревар од 28. коло на англискиот фудбалски шампионат.

Играчите предводени од Оле Гунар Солскјер имаа 15 удари кон противничкиот гол и четири во шеснаесетникот, а славеа со автогол што го постигна Крег Досон во 53-та минута, кој ја погоди мрежата со глава по ударот од аголот на Јунајтед.

На спротивната страна од теренот, Вест Хем не упати ниту еден удар кон мрежата на Јунајтед.

За менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, ова беше 14-ти натпревар на гости на „Олд Трафорд“. Тој сè уште ја чека својата прва победа, а сега е во однос на четири нерешени средби и 10 порази.

Со победата, Манчестер Јунајтед се врати на второто место на табелата, кое на кратко му го препушти на Лестер Сити. Со натпревар помалку од водечкиот Манчестер Сити, тој заостанува 14 поени.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ ќе остане запаметен по еден интересен факт, а за тоа е одговорен тренерот Солскјер.

За првпат по девет години, односно од февруари 2012 година и натпреварот против Ливерпул, Манчестер Јунајтед одигра лигашки натпревар во кој неговиот тренер не направи ниту една замена.

Истите тие 11 кои „тргнаа во поход“ против Вест Хем го напуштија теренот на крајот од натпреварот.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе