Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд.
Утринските температури се движат од 1 до 9 Целзиусови степени додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 24 до 31 степен.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура се движи околу 8, додека во текот на денот максималната ќе достигне 28 степени.
Следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во западните делови.
Во понеделник кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса од север. Ќе започне да дува засилен северен ветер, кој во наредните денови ќе услови значителен пад на температурата на воздухот и се очекува да опадне и до 15 степени во споредба со онаа од неделата.