Состојбата со COVID-19 под контрола, се подготовуваме за вакцинација

 

Скопје, 3 декември 2020 (МИА) – Бројот на заболени од COVID-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените.

Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против COVID-19. Први што ќе се вакцинираат се здравствените работници, вработените во војската, полицијата и хронично болните.

Вакцинирањето, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои не работат со ковид пациенти, и ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да се спроведе.

Во текот на следната недела ќе се организира и вежба на терен за тоа како би изгледал самиот процес на вакцинација.

Препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни, сите критични групи согласно мислењето на експертите.

Ковид статистиката кај нас покажува дека во периодот од 23 до 29 ноември регистриран е помал број на заболени за 9,9 отсто. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје. Има заболени во сите возрасни групи, а најзастапена се лицата над 60 години. Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, што е незначително намалување за еден отсто во однос на претходната недела.

Здравствените власти вчера евидентираа 946 новозаразени со COVID-19 од направени 2.564 тестирања. Оздравеле 789 пациенти, а починале 33 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 63.890. Оздравени се 40.977, починале 1.825, а бројот на активни случаи изнесува 21.088.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе