За да не замрзнат вратите во зима, премачкајте ги гумените ленти со глицерин или нанесете бебешка пудра.
Агресивното работење на клима уредите во текот на летните месеци на стаклото може да создаде слој од масни нечистотии што може негативно да влијае на видливоста. Притоа мислиме на ситуација во услови на слаба видливост кога валканото стакло дефинитивно не помага.
Германскиот автомобилски клуб AvD сподели идеи за одржување на автомобилот за кои може да ви помогнат средства кои веќе ги имате во домаќинството. На пример, замастените стакла на автомобилот можете да ги измиете во раствор од вода и алкохол, но потоа задолжително избришете ги со сува крпа.
Замаглувањето на прозорците внатре може да се спречи со оставање лешници завиткани во ленена ткаенина во автомобилот или со оставање малку сол во возилото - по можност во отворен сад. Една од опциите е одвлажнувач на воздухот кој можете да го купите во која било продавница, а често ги имаме и во домот.
За да спречите замрзнување на вратите во зима, премачкајте ги гумените ленти со глицерин (исто така ќе ја направи гумата поеластична) или на нив нанесете бебешка пудра.