Студент случајно измисли стакло кое самото се поправа од скршеници

Нов вид на полимер стакло кое може да се поправи самото беше измислено од страна на студент на Универзитетот во Токио, кој вели дека до ова откритие стигнал сосем случајно.

Стаклото направено од лесен полимер, наречен „полиетер-тиуреас“ може да се поправи од скршеници со притискање со раката, без потреба од загревање на високи температури.

Истражувањето, кое беше објавено во Science, а кое беше предводено од професорот Такузо Аида од Универзитетот во Токио, ветува дека „самозаздравувачкото“ стакло би можело да се употреби во производството на телефонски екрани и други кршливи направи, кое тие велат дека е голем предизвик за модерното општество.

Самозаздравувачката гума и пластика се веќе реалност, но научниците велат дека ова е многу поголемо откритие бидејќи ова е првиот тврд материјал кој може да се поправи самиот на собна температура.

Карактеристиките на полиетер-тиуреас материјалот биле пронајдени случајно, од страна на студентот Ју Јанагисава, кој го спремал материјалот како лепак. Тој забележал дека краевите на полиетер-тиуреасот самите се формирале во една целина ако се држат споени триесетина секунди на температура од 21 Целзиусов степен.

Понатамошното истражување покажало дека материјалот се враќа во оригиналната цврстина за само неколку часа и може повторно да се употребува како претходно.

„Се надевам дека ова самозаздравувачко стакло ќе стане новиот еко-френдли материјал кој не мора да се фрла во ѓубре ако се скрши“, изјави Ју Јанагисава.

Производителите на смартфони веќе почнаа да користат некои самозаздравувачки материјали. LG G Flex од 2015 година имаше маска која со тек на време самата заздравуваше од гребаници, но беше неефективна кога се работи за поголема штета.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе