Суперавтомобилот McLaren Speedtail за првпат претставен во живо
Новиот суперавтомобил на британската компанија за првпат се појави во јавност и беше забележан како излегува од зградата на McLaren во Вокинг. Иако љубителите на спортски автомобили повеќе би сакале да го видат новиот Speedtail на тркачката патека, засега ќе мора да се задоволат со кратко видео во кое се појавува овој нов ас на McLaren.
Speedtail е одговорот на McLaren за Bugatti Chiron, но за разлика од моделот на Bugatti кој се базира на сирова сила (1.500 коњски сили), моделот на McLaren користи аеродинамика за да ги подобри перформансите. Speedtail забрзува од 0 до 300 км/ч за само 12,8 секунди, додека максималната брзина која може да ја достигне е 402 км/ч.