Светскиот шампион Нико Розберг се повлече од Формула 1

Ф1
/ 02.12.2016 / 15:33

Минатиот викенд Нико Розберг ја освои шампионската титула во Формула 1, а денеска изненадено објави дека става крај на кариерата.

„Oткако возам во овие 25 години, тоа беше мојот сон, мојата единствена работа да станам шампион во Формула 1. Низ сета напорна работа, болка, жртвување, тоа беше мојата цел. Успеав да го постигнам тоа, се искачив на планина и сега сум на врвот, така што моето чувство е правилно. Мојата најдлабока емоција сега е благодарноста кон сите кои ме поддржуваа тој мој сон да се оствари“, објави Нико на Facebook.

Тој им се заблагодари на сите во тимот, како и на својата сопруга Вивиен. Својот деби настан Нико Розберг го имаше пред десет години во Бахрејн, кога заврши на седмо место за Williams. Цели 10 години чекаше да ја освои шампионската титула, натпреварувајќи се во 206 трки. Денеска, сосем неочекувано, Нико Розберг најави дека се повлекува од Формула 1.

Шефот на Mercedes тимот, Тото Волф, изјави дека е изненаден од веста.

„Ова е храбра одлука на Нико, сведоштво за силата на неговиот карактер“, изјави тој, пренесува BBC.


реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе