СЗО: Ако сиромашните земји не добијат вакцини, короната ќе продолжи да се шири

Заразата со COVID-19 продолжува да се шири низ светот, а проверена вакцина уште нема.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус, вчера предупреди дека „вакцинскиот национализам“ ќе ја продолжи пандемијата на коронавирусот и нагласи дека е од клучно значење сите земји во светот да имаат пристап до вакцини.

Гебрејесус очекува над 500 милиони долари да бидат собрани на Парискиот мировен форум за глобален пристап до вакцините. Целта на прибирање средства е и сиромашните земји исто така да добијат вакцини.

Шефот на СЗО изјави дека вирусот ќе продолжи да се шири доколку посиромашните земји не добијат вакцини против COVID-19, што ќе го одложи економското закрепнување.

Како дел од иницијативата за широко достапни тестови, терапии и вакцини што ја спроведува СЗО, Франција ќе донира 100 милиони евра, Шпанија 50 милиони евра и Европската комисија 100 милиони евра.

Велика Британија се очекува да даде една фунта за секои 4 американски долари дадени од други земји. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс исто така треба да даде значаен придонес.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе