Tag Heuer направи часовник инспириран од „Super Mario“

Tag Heuer и Nintendo ги здружија силите за заедно да дизајнираат специјален модел на паметни часовници.

Поточно, станува збор за „Super Mario“ верзија на паметниот часовник Tag Heuer’s Connected со лик на легендарниот херој од популарните игрици. Часовникот користи Wear OS, а продажбата започнува на 15 јули по цена од 2.150 американски долари.

Часовникот прикажува разни анимации во кои карактерот на Марио ги мотивира корисниците да бидат активни и ги наградува додека се движат. Tag Heuer наведува дека активниот карактер на Марио ќе влијае на корисниците на паметни часовници и дека на тој начин тие ќе уживаат во движењето. Колку е поактивен корисникот, толку поживи ќе бидат анимациите.

Remote video URL

Марио секое утро ќе го поздравува корисникот на часовникот, а анимациите ќе се менуваат како што корисникот ќе достигнува 25, 50, 75 и 100 проценти од планираните чекори, односно поминато растојание. Анимациите се познати и земени се од „Super Mario“ универзумот.

Дури и кога корисникот не е активен, часовникот ќе го потсетува на легендарниот Супер Марио. Ќе има опција да се избере помеѓу четири лица на часовникот, а има дури и ретро елементи од верзијата на играта од 1985 година.

Само 2.000 примероци од наведениот часовник ќе бидат во продажба.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе