Тајни знаци што укажуваат дека нешто не е во ред за време на летот

Природно е да се плашите од летање, особено кога чувствувате турбуленции. Сепак, турбуленциите не се проблем, па затоа е добро да знаете некои тајни знаци што укажуваат дека има некој проблем додека летате.

Поранешна стјуардеса сподели неколку знаци дека нешто не е во ред кога летате. Сепак, пред да продолжите да читате, важно е да истакнеме дека авионот е најбезбедното превозно средство.

Вреди да се напомене дека патувањето со комерцијални авиони беше побезбедно во 2023 година отколку во претходните години. Имено, минатата година имало само две несреќи со смртни последици, додека во 2022 година имаше 6 несреќи со смртни последици.

Меѓутоа, ако сè уште се прашувате кои се тие предупредувачки знаци, поранешната стјуардеса Лиза Хјуз сподели неколку ситуации кои би укажале на опасност за време на летот.

Однесување на екипажот

Зголемената активност на екипажот, вклучително и честа комуникација со пилотската кабина, може да укаже на проблем. Ова вклучува промени во тонот или итноста во најавите за кабината или кабинскиот екипаж. Затоа, слушајте дали инструкциите стануваат подиректни и почести бидејќи тоа може да биде предупредувачки знак.

„Екипажот, исто така, може да подготви опрема за итни случаи или да насочи одредени патници како физички способни поединци да помогнат во потенцијална евакуација“, вели Хјуз.

Физички знаци

Невообичаени звуци, вибрации или промени во однесувањето на летот, како што се ненадејни промени во висината, може да укажуваат на механички проблеми. Тоа може да биде и промени во осветлувањето на кабината, поставување маски за кислород или започнување протоколи за итни случаи.

Итно слетување

Предупредувачки знак е и одлуката за итно слетување. Тоа се обично итни медицински и сериозни здравствени проблеми кај поединци, но може да бидат и неочекувани временски услови.

Во ретки случаи, итното слетување може да биде знак за безбедносни закани како што се закани со бомби или грубо однесување што претставува ризик за безбедноста на летот.

Исто така во ретки случаи итно слетување се врши кога пилотите ќе воочат дека авионот има некаков проблем поради кој не сакаат да ризикуваат и да продолжат со летот, па одлучуваат превентивно да слетаат на најблискиот аеродром.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Живот

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more
 

Магазин

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе