Танганга: Со Роналдо играв само на „FIFA“, потоа во живо

Дефанзивецот од редовите на Тотенхем се присетува како порано со големите фудбалски ѕверки можел само да игра на популарната игра „FIFA“.

Танганга пред Роналдо

Џафет Манзамби Танганга е млад 21-годишен дефанзивец кој е надеж за иднината на Тотенхем. Тој е од Конго, но роден е во Англија каде неговите родители имигрирале.

Минатото лето, кога тимот сѐ уште го водеше Маурисио Почетино, Танганга беше вклучен во првиот тим за предсезонските подготовки. Учествуваше во Чемпионс Купот каде настапи и на натпревар против Јувентус во чиј состав се појави и Кристијано Роналдо.

„Тоа беше лудо! Од секоја гледна точка не ми изгледаше реално. Си мислев 'Само што играв со човеков на „FIFA“, а сега играм во вистинскиот живот, играм против еден од великаните'. Тој дефинитивно остава впечаток“, раскажува Танганга за talkSPORT.

Роналдо му даде гол на неговиот тим, но сепак на крајот Тотенхем славеше со 3:2.

Потоа за Танганга следуваше уште еден голем натпревар. Новиот тренер на Спарс, Жозе Мурињо, пред еден викенд го повикал на разговор во пресрет на дуелот со Ливерпул.

„Шефот ме викна два дена пред натпреварот и ми рече 'Сакаш ли да играш викендов?', а бев како 'Па, нормално!'. Иако бев нервозен, нормално дека не можев да речам не, па пред натпреварот го скаутирав Садио Мане на YouTube. Го гледав како ги дрибла противниците и си велев 'Леле, ова може да бидам јас'. Сепак, одиграв добар натпревар на кој не ме посрамоти или нешто слично“.

Танганга во дуел со Мане

Танганга минатата сезона настапи на 11 натпревари, како во Премиер лигата, така и во ФА Купот и Лигата на шампиони. Како награда доби продолжување на договорот до 2025 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе