Тимот на „отпишаните“: 11 фудбалери кои се потценети во нивните татковини
Football Daily состави идеален тим од одлични фудбалери кои не го добиваат заслуженото внимание во нивните матични земји и се заборавени или игнорирани во националните тимови.
Од Тер Стеген, кој покрај импресивната кариера во Барселона никако да стане прв избор на Германија, до Емерик Лапорт кој иако беше клучен играч во успехот на Манчестер Сити во Премиер лигата, уште чека на ред во францускиот национален тим, ова се идеалните единаесетмина во тимот на „отпишаните“.