Toyota го откри новиот C-HR

По месеци исчекување, Toyota ја открива втората генерација на моделот C-HR.

Да потсетиме, првата генерација беше претставена уште во 2016 година, а автомобилот веднаш привлече првенствено помлада клиентела која бараше кросовер со покомпактни димензии и оригинален дизајн. Јапонскиот производител погоди „во центар“, а C-HR постигна пазарен успех над сите очекувања. До денес се продадени дури 700.000 примероци, што драстично го зголеми уделот на Toyota на европскиот пазар.
Успехот на овој модел најверојатно се должи на надворешниот дизајн, кој е значително поимагинативен и оригинален од другите модели на јапонскиот гигант. Затоа, не е чудно што во Toyota повторно им дадоа одврзани раце на своите дизајнери, а судејќи по првите впечатоци, не разочараа.

Сега е создаден уште поатрактивен купе-SUV со бројни ексклузивни детали. Од една страна, Toyota ни ја сервира сега веќе препознатливата јапонска спортска агресивност, но со флуидни странични линии. Има и бројни детали како што се рачките на вратите на исто ниво со површината на каросеријата, големи тркала од 20 инчи и нагласена двобојна комбинација.

Чистите линии се видливи и во кабината, каде доминира дигиталниот кокпит со голем централен екран со дијагонала од 31,2 см. Рачката на менувачот не е целосно минимизирана, а Toyota не се откажува од модерните детали како амбиенталното осветлување во дури 64 нијанси. Забележлива е и употребата на поквалитетни материјали.

Понудата на простор треба да биде подобра, но стариот концепт веројатно ќе ја задржи единствената негатива, а тоа е малку клаустрофобично чувство на задното седиште. Вреди да се каже дека новиот модел е долг 4360 мм, широк 1830 мм и висок 1558 мм.

Новиот C-HR ќе се произведува во Турција и ќе ја користи платформата GA-C. Единствените опции се хибридите, послаба со мотор од 1,8 и 140 КС и помоќна со 2,0 мотор од 198 КС со достапна опција за погон на сите тркала.

Понудата вклучува и plug-in хибрид (2,0/233 КС) со батерија од 13,8 kWh и електричен досег од 66 км. Сите опции достигнуваат 100 км/час за помалку од 10 секунди, а максималната брзина е 170 или 180 км/час кај моделот PHEV.

Сè што беше кажано сугерира дека C-HRT ќе биде поубедлив на патот, но очигледно и нешто поскап.

ГАЛЕРИЈА: Погледнете ја Toyota C-HRT во секој детаљ!

Remote video URL
Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе