Во текот на животот, Никола Тесла постојано работел на проекти и често ги реализирал до крај. Имал и чудни навики како спиење од само два часа. Но, тоа што го направил не би било возможно без строг сет на правила за зголемување на продуктивноста.
Кои негови совети може да ги искористите доколку сакате да ја зголемите продуктивноста?
1. Добра размислете пред да направите нешто
Никола Тесла го користел процесот на визуелно размислување, така тој често говорел дека може да ги замисли неговите машини и ретко правел нацрти пред почетокот на нивната изградба.
Во автобиографијата Тесла вака го опишува процесот: „Мојата метода е поинаква. Јас не брзам со конкретната работа. Кога ќе добијам идеја веднаш тргнувам со изградба во мојата фантазија. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и управувам со машината. Небитно за мене е дали ја тестирам турбината во глава или во работилница. Забележувам дури и ако не работам добро, разлики нема. Резултатот е ист“.
2. Одете на прошетка
Кога станува збор за креативноста, одењето во прошетка има свои предности. И Тесла размислувал вака, иако неговите прошетки биле дел од опсесивно-компулсивно однесување. Имал неколку „еурека“ моменти токму на неколку прошетки, при една од нив ја добил идејата за наизменична струја.
3. Решавајте ги проблемите сами
Тесла сметал дека треба да бидеме сами во текот на создавањето и размислувањето. Еден од неговите познати цитати е: „Умот е поостар и повеќе концентриран кога е осамен и во постојана самотија. За размислувањето не е неопходно каква било голема лабораторија. Оригиналноста пристигнува од осаменоста ослободена од влијанија кои му наштетуваат на креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите“.