Трите верзии на легендата за Александар Македонски и водата во пустината

За римскиот историчар Аријан тоа била една од најголемите работи што Александар некогаш ги направил. Но, од дамнина меѓу историчарите владее несогласување за тоа што навистина се случило и каде точно, нешто што трае до ден денес.

Она за што историчарите се согласуваат е следново: За време на маршот низ безводен регион, под жештината на силното сонце, некои македонски војници пронашле дупка со вода. Ја собрале водата и му ја понудиле на Александар, но тој одбил да ја испие. Инспирирана од овој гест на солидарност, војската продолжила на тешкото и исцрпувачко патување.

Според Луциј Флавиј Аријан, оваа сцена се случила во Гедросијанската Пустина. Плутарх, пак, вели дека тоа се случило некаде помеѓу Екбатана и Хирканија, додека Квинт Курциј Руф настанот го сместува во Согдија.

Од тројцата, само Аријан го препознава несогласувањето меѓу историчарите на Александар за тоа каде се случил настанот. Можеби се случил во Гедросијанската Пустина, вели тој, можеби како што велат некои, се случил на Паропамиските Планини.

Што се однесува до тоа што се случило, Аријан вели дека откако му ја дале водата, Александар им се заблагодарил на мажите за нивниот подарок и ја истурил во земјата.

Плутарх вели дека кога ги видел другите негови војници како копнежливо гледаат во водата, Александар ја вратил назад, велејќи: „Ако пијам, тие ќе изгубат срце“.

Курциј се согласува со Плутарх дека Александар им ја вратил водата, но вели дека пред да му ја понудат водата на кралот, луѓето сакале да им ја дадат на своите синови. Кога слушнал дека е така, Александар ја вратил водата, овој пат велејќи: „Нема да пијам сам и не можам да делам толку малку со сите. Дајте им ја водата на вашите синови“.

Аријан ја прогласува акцијата на Александар како доказ за моќта на кралот за издржливост и лидерски вештини. И навистина таков бил. И, исто така, тоа било моќно парче ПР. Ако Аријан е во право и сцената се случила во Гедросија, таа исто така станува уште еден моќен сведок на љубовта што тој и неговата војска продолжиле да ја имаат еден за друг дури и по преминувањето на реката Хифас во Индија (денес се вика Беас).

Што точно се случило, веројатно никогаш нема да дознаеме, освен ако некогаш не излезе сведоштво на некој од историчарите што всушност биле на патувањето со Александар, бидејќи тројцата горенаведени историчари не само што не биле негови современици, туку живееле на почетокот од новата ера. Генералот во војската на Александар и воедно негов другар од детството, Птоломеј, напишал историја за Александр врз база на ова што самиот го посведочил. За жал, неговото дело е изгубено, но Аријан во своето историско дело за Александар насловено „Анабаса за Александар“ неколку пати го цитира Птоломеј, поради што во историската фела владее верувањето дека неговото дело ја рефлектира верзијата на настаните според Птоломеј.

Арија на едно место го опишува Птоломеј како автор „кого главно го следам“, а во Предговорот на своето дело вели дека Птоломеј му се чини како доверлив извор „не само поради тоа што бил присутен во походот на Александар, туку и бидејќи и самиот тој бил крал, па автоматски лажењето би било обесчестувачко повеќе за него отколку за било кој друг“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе