Ubisoft најави нова Assassin's Creed со дејство во Ирак, Јапонија и Кина

По серијата информации кои протекоа во јавноста, Ubisoft официјално објави нова голема игрица „Assassin's Creed“.

Како што се очекуваше, игрицата се вика „Mirage“ и е серија патувања низ времето во Багдад од VIII век, каде играчите ќе ја преземат улогата на атентаторот Басим. Љубителите на играта се сеќаваат на ова име што се појави во „Assassin's Creed Valhalla“, но дејството во „Mirage“ се случува две децении порано.

Remote video URL

Од Ubisoft потврдија дека игрицата се враќа на своите акционо-авантуристички корени, што значи дека RPG механиката од последните игрици нема да биде присутна. „Mirage“ се очекува на пазарот во 2023 година, а гласот за „ментор“ на Басим ќе го позјами иранско-американската актерка Шохре Агдашлу.

Но, тоа не е сѐ, бидејќи Ubisoft откри уште некои детали за иднината на франшизата. Компанијата ја развива првата отворена верзија на игрицата „Assassin's Creed“ за мобилни телефони под кодното име „Jade“, а дејството е сместено во древна Кина и ќе им овозможи на играчите да создадат свој лик. Оваа игрица доаѓа „наскоро“.

Ubisoft откри и дека работи на игрица за гејминг сервисот на Netflix, но засега нема детали. Инаку, Netflix и Ubisoft моментално работат заедно на live-action серија базирана на игрицата „Assassin's Creed“.

Студиото сподели и неколку детали за игриците кои доаѓаат по споменатата „Mirage“. Еден од нив е со кодно име „Red“ и се развива во студио во Квебек Сити, а заплетот ќе биде сместен во Јапонија во феудалната ера. Тимот од Монтреал развива игрица со кодно име „Hexe“, за која нема детали. И додека „Mirage“ ја отфрла механиката на RPG, игриците „Red“ и „Hexe“ се чини дека го задржуваат тоа.

Ubisoft објави неколку детали за проектот Infinity, кој би требало да биде онлајн центар за поврзување игрици со самостојни мултиплеер проекти.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе