УЕФА жестоко го казни загрепски Динамо

УЕФА го казни Динамо Загреб, кој синоќа беше елиминиран во квалификациите за Лигата на шампионите.

Од европската куќа на фудбалот на навивачите на Динамо им забранија да го следат на госувањата својот тим до крајот на оваа сезона.

По поразот во Загреб од АЕК (1:2), Динамо до 92. минута имаше пласман во плеј-офот, бидејќи водеше со 2:0. Меѓутоа во неверојатен финиш АЕК во 92. и 100. минута постигна два гола и го елиминираше хрватскиот шампион.

УЕФА го казни Динамо поради инцидентите од 8 август, кога беше убиен еден навивач на АЕК.

„Според проценката на УЕФА, сите натпревари на кои Динамо е гостин, поради неговите навивачи се натпревари од висок ризик, а тоа за жал го потврдува сериозноста на инцидентите поради присуството на навивачите на Динамо во Атина и покрај одлуката да не им се продаваат билети за натпреварот. Ова беше истакнато и во извештајот кој содржи информации за инцидентите дадени од грчките власти“, се вели во соопштението на УЕФА.

УЕФА додаде дека Динамо мора да направи сѐ што е во негова моќ да не им дозволи на своите навивачи да патуваат на гостински натпревари, а од друга страна, на „Максимир“ мора да ги преземат сите безбедносни мерки кога на натпреварот ќе дојдат навивачи на други клубови.

Инаку, Динамо ќе игра против прашка Спарта во баражот за пласман во Лига Европа.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more
 

Спорт

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе