Украина: Почнавме да извезуваме струја во Европа

МАКФАКС
/ 11.04.2023 / 14:54

Украина го продолжи извозот на електрична енергија во Европа по суспензијата во октомври кога Русија почна со редовни ракетни и беспилотни напади врз критичната енергетска инфраструктура, изјави украинскиот министер за енергетика.

„Продолживме со извозот“, изјави министерот за енергетика, Герман Галушченко, додавајќи дека Русија „не успеала да го уништи енергетскиот систем“.

Галушченко истакна дека снабдувањето со електрична енергија на украинското население останува приоритет на земјата и покрај рестартирањето на извозот.

„Се надеваме дека ќе го достигнеме обемот на извозот што го имавме минатата година. Ќе водиме преговори за зголемување на извозот бидејќи сегашните резерви во системот ни го дозволуваат тоа“, додаде тој.

Во јуни 2022 година, Украина, која извезуваше електрична енергија во Молдавија, Унгарија, Словачка и во Полска, рече дека се надева оти ќе заработи 1,5 милијарда евра од извозот на електрична енергија во ЕУ до крајот на годината.

„Во моментот има планови за зголемување на прекуграничниот сообраќај меѓу Украина и Полска, што ќе го зголеми извозот“, рече Галушченко.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд ја посети Украина во февруари за да ги истражи руските воздушни напади врз електричната мрежа.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Свет

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more
 

Вести

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе