Унијата за Медитеранот предупредува дека сѐ повеќе се зголемува нивото на морето

Унијата за Медитеранот, институција која обединува 27 земји на ЕУ и уште 16 од брегот на Средоземното Море, предупредува дека нивото на морето сѐ повеќе се зголемува, нанесувајќи сол на земјоделските површини, што може да го намали производството на храна и безбедносно да ги загрози земјите.

Медитеранот, по Арктикот на север, е второто подрачје во светот кое најбрзо се загрева, во голема мерка благодарение на ослободувањето на штетни гасови.

Граменос Мастројени, заменик генерален секретар на Унијата, рече дека „нивото на морето брзо се подигнува“.

„Не е проблем што повеќе вода доаѓа на копното, како на пример во Венеција, туку што тоа е солена вода, а таа значи смрт за земјоделството“, изјави тој во крајбрежниот град Барселона, каде што се наоѓа седиштето на Унијата за Медитеранот.

Мастројени, Италијанец задолжен за енергетска и климатска акција во таа институција, вели дека „40% од земјоделството во медитеранскиот регион се одвива покрај брегот“.

„Имаме проблем во областа на делтата на реката По, но сериозна закана е потенцијалното насолување на делтата на Нил во Египет, што може да ја загрози безбедноста на таа голема земја“, рече Мастројени.

Како последица на тоа, од Египет, земја во Северна Африка со 102 милиони жители, би можела да почне миграцијата на гладните и сиромашните луѓе кон европската страна на Медитеранот.

Во ноември, Мастројени беше во Египет на конференцијата на ОН за климатски промени, каде Медитеранот за прв пат имаше свој павилјон за да предупреди на проблемите.

„Досега медитеранските земји беа поделени во преговорите за климатските промени. Секоја од нив се обиде да иѝ помогне на својата група земји да ги постигне своите цели, но овој пат се собравме за да ги решиме заедничките проблеми. Сакавме да предупредиме дека Медитеранот е во опасност“, додаде Мастројени.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе