Уште 4.199 активни случаи во земјата, најмногу во Скопје

Дневниот број на новозаразени лица од COVID-19 во земјава и натаму е троцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани дури 152 нови случаи на COVID-19. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 10.086, а има вкупно 4.199 активни случаи.

Бројот на оздравени од почетокот на епидемијата е 5.427, а на починати 460. Досега направени се вкупно 95.169 тестирања на COVID-19.

Според податоците на Министерството за здравство, вчера беа направени 1.077 тестирања.

Од новодијагностицираните, 39 се во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, девет во Тетово, осум во Дебар, по пет случаи во Битола и Кавадарци, четири во Струмица, три во Охрид, Гевгелија и Делчево, два во Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево  и по еден во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Николе.

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрираше 70 оздравени пациенти, и тоа 23 во Скопје, 13 во Свети Николе, по десет во Тетово и Гостивар, осум во Куманово и шест во Штип. Во текот на вчерашниот ден немало починати пациенти.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека мерките преземени од Владата за борба против епидемијата се недоволни.

Токму сега после изборите, како што посочуваат, коронавирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки и Комисија за инфективни болести ги нема никаде. Според нив, нема промени во борбата против епидемијата.

Од владеjачката партија, пак, посочуваат дека грижата на Мицкоски е лажна и не поминува кај граѓаните.

– Политиката едно зборувај, друго прави е целосно разобличена. Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а кој го загрозува. ВМРО-ДПМНЕ зборува за непочитување мерки во изборна кампања, а токму таа партија и Мицкоски беа оние кои ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот. Сите видоа дека Мицкоски не се грижи за ничие здравје, соопшти СДСМ.

Според последните податоци, во глобални рамки со коронавирусот досега се заразени 16.317.533 лица. Од нив починале 650.260, а оздравеле 9.981.282 лица.

Од земјите во регионот во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 52 нови случаи на инфицирани со COVID-19, во Србија 467, во Грција 27, во Босна и Херцеговина 263, а во Бугарија 189. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе