Успеавме да се избориме за промена на штетната одлука на Министерството за култура, порачаа од „Филхармонија“

Со упорност, аргументи, вистина и единствена сплотеност, вработените во Македонската филхармонија успеаа да се изборат за промена на штетната одлука поради која протестираа во изминативе три месеци, велат од оваа институција.

Одлуката која ја донесе Министерството за култура на седница на Влада пред три месеци, за просторно сместување на втора институција во објектот на Филхармонија, вчера беше променета.

„Во изминативе неколку месеци, освен што се боревме да си го зачуваме нашиот простор се боревме и против канонади од лажни вести и дезинформации. Не подлегнавме на притисокот, кој беше силен и интензивен, ниту пак се откажавме од нашата борба да си го зачуваме нашиот работен простор. Министерката за култура на вчерашната прес конференција повторно не нападна и побара да и се извиниме на јавноста која сме ја манипулирале во изминативе три месеци.

Јавните обраќања секогаш зборуваат двонасочно, на вашата прес конференција, почитувана министерке зборувавте за Нас, но вашата прес конференеција зборуваше и за Вас. Единствена вистина на вчерашниот прес, беше само вашата констатација дека нашите протести не беа синдикални. Се сложуваме, нашите протестите беа уметнички, а ги поддржаа и вработени кои не се членови на нашата синдикална организација, директорката на институцијата и Управниот одбор. За првпат во историјата на нашата институција на иста страна застанаа речиси сите вработени“, порачаа од „Филхармонија“.

Велат дека нема да ѝ се извинат, туку срдечно ќе ѝ се заблагодарат на јавноста за поддршката, како и на нивната публика која доаѓаше на нивните концерти и покрај отворените повици за бојкот, тие им се заблагодаруваат на луѓето од фелата и врвните музичари кои им дадоа безрезервна поддршка.

„Затоа сакаме јавно да им се заблагодариме на нашите најдобри пијанисти Симон Трпчески и Дино Имери, на поранешните директори на Филхармонија – Мелпомени Корнети, Васил Атанасов, Ганка Самоиловска Цветанова, Кармен Костова и Маја Чанаќевиќ, на диригентите Емил Табаков, Јерухам Шаровски, Конрад ван Алфен, Миријан Хухунаишвили, Габриел Бебешелеа, Џорџ Џексон, Вања Николовски – Ѓумар и Борјан Цанев, на нашиот истакнат виолинист и професор Олег Кондратенко, на претседателката на СОКОМ Валентина Велковска -Трајановска, на нашиот поранешен концерт мајстор во пензија – Румен Димитриев, на музикологот Марко Коловски, на нашите колеги од Белградска филхармонија и од Сараевска филхармонија… Овие луѓе храбро и безрезервно застанаа на наша страна, во одбрана на вистината во моменти кога сите беа свртени против нас. Им благодариме од срце!

Почитувана министерке, на крајот од ова соопштение, останува отворена нашата покана конечно да дојдете на концерт во Македонската филхармонија, а одличен повод за тоа е концертот на Белградска филхармонија во сабота. Со задоволство ве очекуваме!“ се вели во соопштението од вработените во „Филхармонија“ до министерката за култура.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе