Успешно деби на роботот-чистач во Лондон
На железничката станицата Сент Панкрас во Лондон отсега ќе чистат роботи откако роботот Eco Bot 50 имаше успешно деби чистење.
Eco Bot 50 чисти во УВ зраци со кои ја дезинфицира површината со што го спречува ширењето на коронавирусот. Роботот не користи хемикалии и има успешност од 99.9999% во уништувањето на бактериите и вирусите, вклучувајќи го и COVID-19.
Роботот може да чисти 24 часа и сам се полни и се празни од отпадот. Речиси и да не му треба човечка помош.