Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -6°C

На Попопова Шапка утрово се измерени -6 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови и  Крушево со -3, -1 во Берово и Крива Паланка, 1 Куманово, 2 Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Дебар, Виница, 3 Тетово, Штип, 4 Скопје Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 6 Дојран, Демир Капија и 7 во Гевгелија.

За изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2) наврнат воден талог има во Дебар 4 л/м2, 3 Попова Шапка, 2 Штип, Берово, Крушево, Маврови Анови, 1 Охрид, Виница, и помлаку од 1 л/м2 во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и во Куманово.

Снежната покривка  во 7 часот на Попова Шапка е 5 см, а 2 во Крушево и Лазарополе.

Времето денеска наутро променливо облачно, во текот на денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност.

Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Слаби врнежи од снег утринава на Попова Шапка и на планинските премини Пресека и Ѓавато

Слаби врнежи од снег утриава има на Попова Шапка, како и на планинските премини Пресека и Ѓавато, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе