1.МФЛ 2023/2024

Вардар убедливо поразен во одложениот дуел со Струга

Филип Здравески
/ 01.11.2023 / 15:01

Иако имаше 0:0 на полувреме, последнопласираниот тим во најдобрата македонска лига не успеа да го издржи притисокот и загуби со убедливи 4:0 од актуелниот шампион.

Денеска се одигра одложениот натпревар од 5. коло во 1.МФЛ помеѓу Струга и Вардар. натпреварот требаше да се игра на 27 август, но, како и неколку други, беше одложен поради настапите на Струга во европските купови.

Сега, цели два месеца по оригиналниот датум, Вардар издржа едно полувреме пред докажаниот голгетер Бесарт Ибраими да го скрши отпорот на скопскиот гигант во 56. минута. Потоа во 75-тата албанскиот интернационалец Ментор Мазрекај го дуплираше водството, во 84. минута Фламур Таири зголеми на 3:0, а во судиското надополнување за победата да биде убедлива се погрижи Сенад Јаровиќ.

Сега табелата во 1.МФЛ по 12 кола конечно е комплетна - сите клубови имаат одиграно ист број на натпревари. Вардар со поразот остана последен со 11 бодови, додека Струга остана трета, но сега со 24 бодови и само бод помалку од Шкупи и Шкендија кои го делат врвот.

Викендов следува ново коло, а Вардар ќе има нова тешка задача бидејќи гостува кај Шкупи, додека во дербито за врвот Струга дома ќе ја пречека Шкендија.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе