Тимот на Вардар изгуби со 20:31 од бундеслигашот Кил во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.
Европскиот првак и германскиот клуб се соочија по пауза од повеќе од две години, кога Вардар го елиминираше Кил во четвртфиналето од ЛШ.
Неочекуваниот пораз од 11 разлика се одвиваше пред преполна сала каде публиката неуморно го бодреше шампионот Вардар.
Гостите по првото полувреме имаа огромно водство од 4-16.
Првиот гол за Вардат падна дури во 11-тата минута, и тоа од пенал на Иван Чупиќ. Нападот на Вардар не можеше да профункционира и иако „црвено-црните“ доаѓаа до шанси, сепак не ги реализираа.
Вториот гол Вардар го даде дури во 22. минута, а на полувреме се отиде со 16:4 за германскиот тим.
Домаќините во вториот дел беа поефикасни и во 45.минута ја намалија негативата на минус осум, а на 10 минута пред крајот резултатот на семафорот беше 18:23. Сепак до крајот вардарци немаа сили за целосен пресврт и го платија данокот за слабото прво полувреме.
Најефикасни кај Вардар беа Дибиров со пет и Криштопанс со четири гола. Во победничкиот тим најдобри беа голманот Ландин со 15 одбрани и Дувњак и Пекелер со по шест погодоци.
И покрај високиот пораз, 6,5-илјадната публика ги испрати како победници, со овации, песни и свирежи, покажувајќи им дека и понатаму ја имаат нивната безрезервна поддршка.
За Вардар ова беше прв пораз по четири кола во Лигата на шампионите по што го препушти врвот на табелата на Кил.